Продолжува авиотретирањето за уништување на боровиот четник

Дата на објава: 
10 Септември 2010

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Катедрата за заштита на шумите  при Шумарскиот факултет, денеска ја продолжи акцијата за уништување на гасениците од боров четник. По авитретирањето во кривопаланечкиот регион кое на  површина од 2 илајди хекатри се реализира во почетокот на оваа недела, акцијата денеска и утре ќе продолжи во битолско.  Во овој регион, ќе биде третирана површина од  2.500 хектари во шумското стопанство ,,Кајмакчалан,, и тоа во локалитетите Бел Камен во село Снегово - Раштани, во Дрвеник, локалитетот Баба во село Лавци - Брусник.

 

Во сабота на 11 септември, со авиотреирање на гасениците од боров четник во битолаксиот регион ќе биде опфатена и заболената борова шума во Националниот парк ,,Пелистер,, поточно во локалитетите Пелистер и Вртешка.

 

Во недела и во понеделник акцијата ќе продолжи во виничкиот и кочанскиот регион. На 12 и 13 септември ќе се врши авиотретирање против боровиот четник на 100 хектари во шумското стопанство ,,Плачковица,, од Виница каде со акцијата ќе бидат опфатени локалитетите Голак – Обозна, Чипелица оддел 20-а, Калиманци, Трско брдо, и Црн камен  Китка, како и локалитетот Калиманци-Превалец. Во  недела и понеделник во виничко ќе се прска против боров четник и во локалитетите Гарска Река-Река Ломија во месноста Чучуланец, локалитетот Гарска Река - Река Ломија во местата Грнчарка, Бандера и Кале.

 

Во понеделник и вторник, акцијата за сузбивање на боровиот четник ќе се реализира и во кочанскиопт регион каде  во локалитетите Цигански рид и Војница во шумаксото стопанство ,,Осогово,, од Кочани ќе бидат третирани  1.000 хектари борова шума нападната од овој штетник.

 

На 15 септември акцијата ќе продолжи на површините на шумското стопанство ,,Равна река,, од Пехчево каде на локалитетите Буковиќ - Бајаз Тепе, Панчарево, Робово и Умлена ќе бидат уништени  гасеници од боров четник на површина од 500 хектари. Толкава површина со борова шума  против овој штетник, во четврток, 16 септември, ќе биде третирана и во шумското стопанство ,,Црн Бор,, од Прилеп и тоа во локалитетите Шаторов камен, Песјобрце, Дејанова шума, Плетвар - Лениште, Езеро и Штавица.

 

Авио третирањето ќе се врши во раните утрински или доцните попладневни часови, зависно од временските услови. За времето на третирање и евентуалното одложување на акцијата поради неповолните временски услови, населението и пчеларите ќе бидат информирани преку локалните медиуми. Инаку, пчеларите ќе можат да ги пуштат пчелите најмногу еден час и половина по авиотретирањето.

 

Со годинашната акција за уништување на гасениците на боровиот четник со авиотретирање ќе биде опфатена површина од 14.145 хектари на целата територија на Република Македонија.