- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Од понеделник почнува авиотретирањето за уништување на гасениците од боровиот четникДата на објава: 4 Септември 2010Министерството за земјоделство, шуамарство и водостопанство од понеделник, 6 септември, до 5 октомври, ќе врши авиотертирање за уништување на гасениците од боров четник. Акцијата ќе почне да се реализира во понеделник, во шумското стопанство ,,Осогово,, од Крива Паланка, каде против овој штетник, ќе бидат третирани 2 илјади хектари борова шума. Во понеделник и вторник, авиотретирање на површините со борова шума во кривопаланечкиот регион ќе се врши во локалитетите Паклиште - Глабочица, Петралица и Станча. Авио третирањето ќе се врши во раните утрински или доцните попладневни часови, зависно од временските услови. За времето на третирање и евентуалното одложување на акцијата, населението и пчеларите ќе бидат информирани преку локалните медиуми. Инаку, пчеларите ќе можат да ги пуштат пчелите најмногу еден час и половина по авиотретирањето. Акцијата за уништување на боровиот четник по Крива Паланка, во четврток, на 9 септември, ќе продолжи во битолскиот регион, каде до 11 септември ќе се третираат 2.500 хектари борова шума, во шумаките стопанства ,,Кајмакчалан,, и во Националниот парк ,,Пелистер. Со годинашната акција за уништување на гасениците на боровиот четник со авиотретирање ќе биде опфатена површина од 14.145 хектари на целата територија на Република Македонија каде боровата шума е погодена од овој штетник. |