„Ден на одгледувачите на овци и кози“

Дата на објава: 
10 Јули 2010
Denovi na ovcarstvo i kozarstvo.jpg

Со пригодна свеченост и во присуство на министерот за зeмјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димоски, евроамбасадорот Ерван Фуере и амбасадорот на САД, Филип Рикер во месноста „Смрдливи вирови" на планината Бистра почна манифестацијата „Ден на одгледувачите на овци и кози“.

 

Министерот Димовски во своето обраќање ја истакна поддршката на државата на, како што рече, една од најважните гранки на македонското стопанство.

- Сточарството како стопанска гранка има важна улога во бруто домашниот производ, со оглед дека е на трето место по остварените средства од извоз на производи. Од тие причини Владата продолжува со своите заложби да го поддржи овој сегмент. Од над една милијарда денари, колку што се наменети за субвенционирање на земјоделството, 820 милиони се наменети токму за сточарството, подвлече Димовски.
Според евроамбасадорот Фуере, ИПАРД фондовите можат да ја подобрат состојбата и да се обезбедат конкуретни производи за европските пазари.

- Големо е задоволството што го гледам напредокот во квалитетот на производство на храна во Македонија. Со првата фаза од ИПАРД програмата, беа прифатени 28 проекти кои ќе бидат поддржани со 4,2 милиони евра, рече Фуере и нагласи дека во догледно време за Македонија можат да бидат достапни европски пари во висина од 75 милиони евра.

Годинава на  манифестицијата учествуваат сточари од Хрватска, Србија, Косово, Албанија и од Мaкедонија.

Во рамки на манифестацијата вчера се одржа тркалезна маса на тема „Оценка на јагнешкото месо на линија на колење - ЕУРОП стандард".
Главен организатор на манифестацијата е Постојаната работна група за регионален рурален развој на земјите од Југоисточна Европа (CWG). Манифестацијата се одржува под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Делегацијата на Европската Унија во Македонија и со поддршка на ГТЗ РЕД (Германска Техничка Соработка). Домаќин е „Вардар 03“, АД Градско.