- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Завршна средба на министерот Димовски со тускиот амбасадор ОкчалДата на објава: 10 Јуни 2010Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство наскоро ќе го потпише протоколот за соработка со Министерството за земјоделство и рурален развој на Република Турција со што и на институционално ниво ќе се интензивира воспоставената соработка меѓу Република Македонија и Република Турција. Ова го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешната средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, неговата екселенција Аслан Хакан Окчал, по повод завршувањето на неговиот мандат.
-Република Турција е голем производител, но и голем пазар со можност за пласман на одредени земјоделски производи кои се за нас стратешки. Република Турција е нашиот искрен пријател и поддржувач и во областа на земјоделството и затоа изразуваме благодарност за досегашната соработка и поддршка, со убедување дека воспоставените односи ќе продолжиме да се развиваат и со новиот амбасадор на Република Турција во Република Македонија - рече министерот Димовски.
Меѓу Република Турција и Република Македонија постои интензивна соработка на сите полиња и таа треба да продолжи да се развива, истакна амбасадорот Окчал, заблагодаруваќи му се на министерот Димовски за досегашната соработка и поддршка. |