Промовирана Мрежата за рурален развој

Promovirana mreza.jpg

Подобрувањето на животот во руралните области преку изградба на капацитетите на руралното општество е основната цел на Мрежата за рурален развој на Република Македонија што денеска официјално беше промовирана во Скопје.

 

- Креирањето на Мрежата за рурален развој има за цел да ги вклучи локалните актери во промоција и јакнење на свеста на населението во руралните заедници во процесот на ефикасно користење на мерките и фондовите од ИПАРД и Националната програма за рурален развој, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во поздравниот говор на промоцијата на Мрежата.

 

Тој посочи дека е многу важен гласот на населението од руралните области во процесот на создавање на националната политика за рурален развој и додаде дека Мрежата треба да претставува партнер во подготовката и имплементацијата на политиките и стратегиите во областа на рурален развој. Преку својата работа, додаде министерот Димовски, Мрежата треба да придонесе за зајакнување на локалните партнерства и полесен пристап на информации до локалното население, како и да пренесува предлози од локалното население до релевантните институци  во процесот на креирање и имплементирање на политиките за одржлив развој на руралните средини.

 

Министерството секоја година носи Програма за рурален развој  со која се поттикнуваат инвестиците, за која од година во година се одвојуваат се повеќе средства. Годинава, како што рече министерот Димовски, за таа намена се издвоени дури 10 милиони евра.

 

Мрежата за рурален развој е сојуз на граѓански здруженија основан во март годинава што го следи моделот на 23-те слични иницијативи за национални рурални мрежи во Европа, нуди активно партнерство и поддршка кон организациите на земјоделците и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за да се подобри конкурентноста и одржливоста на аграрот.

 

Мрежата за рурален развој, како што објасни Претседателот на Мрежата Петар Ѓоргиевски ќе настојува да ги застапува интересите на населението од руралните средини и нивните потреби и да ги информираат за актуелностите во областа на аграрот на национално ниво и на ниво на Европската унија. Тие ќе бидат врска за презентирање на ставовите на населението од руралните средини  пред Владата и пред институциите на системот. Целта на Мрежата за рурален развој на Република Македонија е да стане дел од европското семејство на рурални мрежи, бидејќи иднината на руралните средини во Македонија многу ќе зависи и од заедничката земјоделска политика на ЕУ.

 

Според Дарги Димитриевски, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна, развојот на политиката за рурален развој ќе биде поедноставен доколку информациите пристигнуваат преку изградените мрежи