- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Работен состанок на министерот Димовски со земјоделски здруженијаДата на објава: 5 Мај 2010Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска одржа работен состанок со претставници на Федерацијата на фармери и Сојузот на земјоделците. Тема на состанокот беше подготовките за жетва и откуп на пченицата од претстојната реколта.
Денешната средба истакнаат земјоделците е навремена и ќе придонесе за квалитетно извршување на жетвените активности. Земјоделците побараа на наредните состаноци да се вклучат и претставници на мелничко-пекарската индустрија со кои ќе се разговарало за склучувањето на договорите за откуп на пченицата.
Како проблем кој не би требало да се повтори и оваа година земјоделците ги наведоа доцнењето со исплатата, високиот процент на одбитоци и старата жетвена механизација.
За проблеми на кои можат да наидат земјоделците на теренот, министерството за земјоделство може да помогне преку државниот земјоделски инспекторат посочи министерот Димовски, а ќе се излезе во пресрет и со поволните услови за складиштење на пченицата.
На состанокот беше договорено во наредниот период да се интензивираат и прошират состаноците со претставници од мелничко-пекарската индустрија. |