- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Успешно реализирана УСАИД програмата за македонските агробизнисиДата на објава: 4 Мај 2010Вкупно 28, 5 милиони долари извоз, 7,6 милиони долари инвестиции во приватниот сектор и дополнителен приход за повеќе од 10 илјaди домаќинства е резултатот од проектите за деловен развој реализирани изминативе 18 месеци со поддршка на АгБиз програмата на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).
- Од 2007 година наваму им помогнавме на 180 агробизниси да го зголемат својот капацитет и да станат поконкурентни на регионалните и светските пазари. Техничка помош, пристап до финансиски средства, подобрени врски меѓу производителите, преработувачите и продавачите, работилници, конференции, саеми и студиски посети, беа само дел од спроведените активности, рече амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер на денешната презентација на резултатите од проектите.
Според него, македонскиот земјоделски сектор кој генерира речиси 16 отсто од бруто-домашниот производ во земјата и вработува 25 проценти од населението, се уште има доволно простор за развој и освојување нови пазари.
- Фирмите од агробизнисот и земјоделските производители се главни двигатели на македонскиот аграр. Унапредувањето на земјоделството е еден од нашите најважни реформски проекти зашто овој сектор е значаен извор на националниот приход и еден од стратешките со висок развоен потенцијал, истакна ресорниот министер Љупчо Димовски.
Тој напомена дека предизвикот од глобализацијата на пазарите не е никаде поголема отколку во прехранбениот сектор и затоа јакнењето на конкурентноста, како што рече, зависи од сите чинители во синџирот, од примарното производство до пазарот.
- Поседување производ со додадена вредност значи придобивка не само за произведувачот, туку и профит за трговецот, како и препознатливост и поголема конкурентност, подвлече Димовски.
Од март 2007 година АгБиз програмата работеше со повеќе од 180 земјоделски фирми во четири сектори, свежо овошје и зеленчук, вино, преработки од зеленчук и самоникнати шумски видови. Целта на проектите беше зголемување на конкурентноста на компаниите преку додавање вредност на постојните производи, развој и проширување на извозните пазари, зголемување на капацитетите и имплементација на системите за безбедност на храна. |