- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СООПШТЕНИЕДата на објава: 3 Мај 2010Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска се сретна со Хаим Дивон, амбасадор на Израел за Република Македонија и директор на Центарот за меѓународна соработка на Израел (MASHAV).
Министерот Димовски и Дивон контатираа дека соработката на Репблика Македонија и на Израел е на високо ниво, но, на полето на земјоделското производство таа може да се продлабочува и тоа преку организирање на израелска експертска обука за одделни земјоделски сектори.
За да има евидентен напредок во развојот на земјоделското производство, важно е констатираа министерот Димовски и израелскиот амбасадор, прво да се обединат производителите, а потоа и науката и надлежните институции на системот.
-Владата дава финансиска поддршка за развој на примарното производство и за организирање на земјоделците со цел тие полесно да се адаптираат на новите услови на производство и стопанисување и посигурно и побрзо да ги пласираат земјоделските производи на европските пазари. Преку програмите за финансиска поддршка, даваме поддршка и на руралниот развој, органското производство каде гледаме голем потенцијал – рече минстерот Димовски.
Во областа на наводнувањето, во соработка со Светска Банка почнат е процесот на трансформација на водните заедници, а во завршна фаза се и неколку капитални инвестиции со кои ќе бидат наводнувани околу 20 илјади хектари земјоделска површина и тоа преку најсовемени системи за наводнување |