Се интензивираат градежните работи за воспоставување на Интегрирано Гранично Управување на граничен премин ,,Табановце,,

Дата на објава: 
3 Мај 2010
Tabanovce Minister 033.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и Евроамбасадорот Ерван Фуере денеска извршија обиколка на градежниот објект за ветеринарна и фитосанитарна контрола на граничен премин Табановце.

 

Со помош на средства од Програмата на CARDS е  подржан проектот “Подршка на Интегрирано Гранично Управување“, управуван и финансиран од страна на Европската Агенција за Реконструкција.

 

Со проектот како грант се обезбедени финансиски средства во висина од 1.674.356 евра наменети за изградба на објекти за ветеринарна и фитосанитарна контрола на граничниот премин Табановце,а вкупната корисна површина на објектите изнесува 1819 м2.

-Изградбата на објектите за преглед на пратки од растително и животинско потекло е во согласност со насоката на ЕУ за исполнување на стандардите од европската легислатива која се однесува на исполнување на ветеринарни и фито услови за увоз и транзит на стоки од растително и животинско потекло како и за  увоз и транзит на живи животни истакна министерот Димовски.Тоа е можност и за вршење на адекватна контрола при увозот и транзитот на стоки од растително и од животинско потекло и на живи животни, како и можност за вршење на комплетен преглед на пратките (земење на мостри, адекватно чување на производите од животинско потекло додека да се добијат резултате од анализите, како и чување на животните во карантин согласно Законот за благосостојба на животните.

 

Воспоставувањето на ваков систем, посочи евроамбасадорот Фуере, ќе  овозможи  усогласување со системот  за контрола со европските стандарди.

 

Интегрираното гранично управување придонесува и за  намалување  на времето  за контрола на пратките и на животните кои се увезуваат и транзитираат низ Република Македонија, намалување на трошоците при контролата, а со тоа и  забрзување на протокот на стоки кои се увезуваат или транзитираат преку нашава земја.