Демант

Дата на објава: 
27 Април 2010

Добро би било СДСМ во своето време да направеше еден ваков прес за резултатите од својата работа во делот на борбата против бруцелозата, и кај луѓето и кај животните.Во тој случај, нивниот прес ќе изгледаше вака:

 

2002-2006 година – константно зголемување на бројот на заболени луѓе на годишно ниво, или во бројки околу 350-400 луѓе.

 

2002-2006 година – константно зголемување на бројот на заболени животни, или во бројки околу 15.000 животни на годишно ниво. Што е уште пострашно, болните животни не се одземани, туку се оставани на терен и понатаму да ја шират болеста, за што сега ние плаќаме високи трошоци.

 

2002-2006 година – константно зголемување на износот на средства потрошени за сузбивање на оваа болест, односно во просек околу 110.000.000,00 денари годишно.

 

Резултат – никаков

Меѓутоа, овие бројки и успешноста на програмите кои СДСМ од една, и оваа Влада од друга страна ги спроведува ќе бидат дополнително презентирани на еден од наредните пресови. Сега ќе се задржиме на невистинитостите изнесени во денешниот прес:

  1. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не е увозник на вакцината, иако тоа неколкупати се потенцира на пресот. Увозник на вакцината е приватна фирма, застапник на странскиот производител, при што вакцината е увезена по сосема легален пат, односно преку јавен повик.
  2. Не е точно дека увозот на вакцината е направен спротивно на Законот за лекови, туку напротив, увозот е направен во согласност со Законот за лекови, лековити средства и други помошни материјали (поточно, член 16 и член 22).
  3. Тврдењето дека вакцината е жива покажува елементарно непознавање на работите и очигледен доказ за инструирање од страна, бидејќи нормално е дека вакцината е жива и е единствена која постои против бруцелозата и се применува насекаде. значи, не е никаков проблем вакцината да е жива.
  4. Вакцината е произведена во земја членка на ЕУ и е регистрирана во сите земји кои спроведуваат вакцинација против бруцелозата (Шпанија, Португалија, Грција).
  5. Не е точно дека дека Програмата за бруцелоза е спротивна на упатството, бидејќи и во Програмата јасно стои дека се вакцинираат животни пред припустот (значи кои не се гравидни). Тука јасно се работи за грешка, односно несериозен пристап на дел од ветеринарните станици (едниот од нив е член на СДСМ и советник во Собранието на Општина Штип).
  6. Обештетувањето е направено кај сите сточари кои пријавиле штета и истата е констатирана на лице место од страна на надлежниот ветеринарен инспектор.
  7. За надомест на штетата предизвикана од пропустот на ветеринарните станици, јавното правобранителство веќе поведе судска постапка.

 

Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство