- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Премиерот Никола Груевски го посети поплавеното место Раотинце каде изминативе два дена надојдените води на ВардарДата на објава: 17 Април 2010Премиерот Никола Груевски го посети поплавеното место Раотинце каде изминативе два дена надојдените води на Вардар поплавија околу 30 куќи и 200 хектари обработливо засеано земјоделско земјиште.
Премиерот заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и директорите на Центарот за управување со кризи и на Дирекцијата за заштита и спасување ги посетија жителите со цел од терен да утврдат со какви проблеми се соочуваат и дали Владата може некако да помогне.
Груевски по средбата со жителите рече дека вчера бил критичниот ден и оти денеска водата е повлечена. Разговарано е, додаде, со сите надлежни институции и со ЕЛЕМ кои брзо реагирале и го намалиле протокот на води од мавровските хидроцентрали.
- Ова не се случува првпат. Поплави на ова подрачје имало и порано. Очигледно е дека овој дел е критичен и треба да се изнајде решение на подолг рок, изјави премиерот Груевски.
- Откако нашите служби ќе го анализираат проектот и ако се покаже дека со тоа трајно ќе се реши проблемот, ќе почнеме со негова реализција, нагласи Груевски и најави дека од утре на терен ќе излезат и екипите за проценка на штети.
Во Раотинце денеска ситуацијата е нормализирана, водата е повлечена во коритото на реката и нема повеќе излевања. |