- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Собранието го донесе новиот Закон за виноДата на објава: 8 Април 2010Собранието на Република Македонија го донесе Законот за вино. Заштита на интересите на производителите и потрошувачите, подобрување на квалитетот на виното и подобро функционирање на внатрешниот и надворешниот пазар на вино, се основните цели на новата законска регулатива за вино. " "
Со него се регулира постапката за издавање одобренија за садење, регистрирањето на површините под лозови насади, задолжителните декларации за количините грозје набрани и откупени од последната берба, производството на вино и количините увезено вино. Во него се содржани и основите за класификација на винските сорти грозје, забранетите енолошки средства и постапки, методите за физичко-хемиска анализа на виното и регистарот на производителите на вино.
Со Законот се дефинирани основите за производство, означување и заштита на вината со географски назив, прометот на виното и негова класификацијата по квалитет.
Ова законско решение ги предвидува правните основи за донесување на националната стратегија за лозарство и винарство, означувањето, етикетирањето и заштитата на виното, како и надзорот, односно надлежностите на Државниот инспекторат за земјоделство. Законот за вино е усогласен со регулативата на Европската унија. |