Саем за здрава храна

Дата на објава: 
29 Март 2010
Picture 038.jpg

Под мотото „Поблиски до природата“ во велешкото село Согле во близина на еколошкиот регион на Азот по четврти пат се одржа Саемот на здрава храна.

 

На саемот, што го организира  општина Чашка во соработка со локалните земјоделци, беа презентирани еколошки здрави производи, а посетителите имаа можност да вкусат и домашни специјалитети.

 

Саемот го посети министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димов, според кого нужно е одржувањето на вакви манифестации.

 

- Минатата година го донесовме Законот за органско производство и затоа потребно е наскоро како Министерство да им овозможиме на земјоделците и сточарите  подобар пласман на нивните еколошки, здрави производи на домашниот и странските пазари. Затоа сме во преговори со локалната власт на општина Чашка наскоро да се донесат конкретни проекти за здрава храна од Азот, истакна министерот Димовски.

Градоначалникот на општина Чашка, Горан  Пановски  на отворањето на саемот рече дека Чашка е зелена општина во којашто има здрава храна и каде може  да се развива селскиот туризам.

 

- Се надевам дека со поддршка на надлежното Министерство за земјоделство наскоро ќе добиеме ознака за квалитет - еколошки здрава храна од Азот, а која со многу повисока цена потоа ќе можеме и да ја извезуваме во Европа, подвлече Пановски.