Министерот Димовски ja посети млекарницата Здравје од Радово

Дата на објава: 
15 Март 2010
clip_image001.jpg

Откупот и преработката на млеко и актуелните состојби во сточарството се дел од темите на кои министерот за земјоделство Љупчо Димовски разговараше со менаџерскиот тим на млекарницата Здравје од Радово.

 

Посетата на овој производствен капацитет, министерот Димовски ја искористи да се запознае и со начинот на работа во овој производствен капацитет, но и да се информира за извозните аранжмани кои ги имаат во моментов.

 

Ова е добра можност, рече тој, да се посети еден капацитет кој работи според сите стандарди, според поставеноста на политиката која што ја има преземено Министерството за земјоделство, но и сите надлежни институции, меѓутоа и самиот менаџерски тим. Тоа е исклучително сериозен систем кој што е од многу големо значење за регионот каде што работи.

 

Млекарницата Здравје откупува млеко од цела источна и централна Македонија и во моментов соработува со над 3.500 кооперанти.

 

Во рамки на посетата на струмичкиот регион, министерот Димовски се сретна и со примарни земјоделски производители од овој регион, како и со преработувачи. Со нив разговараше за подготовките околу претстојната сезона. Министерот Димовски го посети и хидросистемот Турија.