- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Финансиска поддршка во сточарството за годинаваДата на објава: 10 Февруари 2010Повеќе од 1 милијарда и 733 милиони денари одвои годинава државава за финансиска поддршка на сточарското производство со Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. За унапредување на производството, со годинашнава Програма, субвенции ќе добијат одгледувачите на говеда, овци, кози, свињи, живинарите, пчеларите, како и оние кои се занимаваат со алтернативно сточарско производство, односно за одгледувачите на ноеви и полжави.
За секое обележано грло говедо, на одгледувачите ќе им се исплатат по 2500 денари. За ова категорија производители важи принципот на редуцирање на поддршката зависно од бројот на обележани грла. За оние сточари кои се занимаваат со производство на кравјо млеко, во Програмата е предвидена дополнителна финансиска поддршка од 2,5 денари за секој предаден литар млеко во преработувачките капацитети. По 1500 денари за грло ќе добијат и сточарите кои одгледуваат товни говеда и кои во периодот октомври 2009 - септември 2010 година говедата ги заклале во во регистрирана кланица.1200 денари изнесува годинешната субвенција за теле добиено по пат на вештачко осеменување.
Со Програмата предвидена е и финансиска поддршка за набавка на најмалку 5 високостелни предигрирани јуници во периодот јануари-септември. Субвенцијата изнесува 35 проценти од вредноста на набавените грла, но, не повеќе од 30 илјади денари за грло.
Во овчарството, предвидена е субевнција од 900 денари за минимум обележани 30 грла овци од сите категории. Субвенции ќе се добива и за набавка на приплодни грла за подобрување на генетскиот и производствениот потенцијал. За набавени машки приплодни грла од регистрирани одгледувалишта на приплоден добиток, од јануари до септември, со пари од Програмата за финансиска поддршка ќе им се компензираат 50 проценти од трошоците за набавка на грлата, но не повеќе од 15 илјади денари по грло оригинални и 5 илјади денари за репродуктори.
Во козарството 800 денари за грло изнесува годинешната субвенцијата за сточарите кои одгледуваат најмалку 10 кози од сите категории и со компензирање на трошоците за набавка на приплодни машки грла.
Во делот на свињарството, Програмата за финансиска поддршка предвидува субвенции за одгледување на маторици, гоеници и за набавка на приплодни грла. По 700 денари за грло ќе добијат сточарите кои имаат најмалку 2 маторици, а по 1000 денари за грло заклано во регистриран кланичен капацитет. За оваа категорија сточари важи принципот на редуцирање на поддршката во однос на бројот на предадени грла за минимум 5 гоеници заклани во кланица, минимална тежина од 90 килограми за грло заклано во периодот октомври 2009-септември 2010 година.
За набавка на педигрирани незимки и нерези од регистрирани одгледувалишта независно од вредноста на набавката на приплодни грла и хибриди, со пари од Програмата, на сточарите ќе им се компензираат 50 проценти од трошоците, но не повеќе од 20 илјади денари за оригинално приплодно грло и најмногу до 5 илјади денари за хибриди.
Во живинарството,за најмалку 1000 одгледани изаклани бројлери од октомври 2009 до септември 2010 година, субвенцијата изнесува 25 денари за пиле, а 22 денари за амортизирани несилки. Три денари е субвенцијата за произведни и продадени еднодневни бројлерски пилиња исто како и за произведени еднодневни јајценосни хибриди.
За најмалку 35 регистрирани презимени пчелни семејства, пчеларите ќе добијат по 500 денари за едно семејство. Триста и педесет денари е поддршката за набавена матица за пчеларите со минимум 15 пчелни семејства нуклеуси кои купиле најмалку 10 матици. Со Програмата, финансиски се поддржува и поддигањето на нови насади со медоносни растенија (фацелија, еводија и багрем) за пчеларите со минимум 35 пчелни семејства кои со медоносни растенија посеале или засадиле најмалку 2 декари.За нив субвенцијата изнесува 2.500 денари за хектар и 8 денари за садница.
Од годинешните субвенции за сточарството, ќе се поддржува и алтернативното сточарско производство – одгледување на ноеви и полжави. Финансиската поддршка за нојарите изнесува 1700 денари за грло, за сточарите кои имаат најмалку 4 ноја. Одгледувачите на полжави, државата ќе ги поддржи со 90 илјади денари за хектар и тоа за регистрирано одгледувалиште со минимум 2 декари. |