- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Презентирани Предлог Законите за безбедност на хранатаДата на објава: 5 Февруари 2010Усогласување на македонската со европската легислатива и воведување интегриран систем за контрола на безбедност на храната, се основните цели на законите кои ќе бидат доставени до Собранието.Законот за безбедност на храна и Законот за безбедност на храна за животните предвидуваат високо ниво на заштита на здравјето животните и на луѓето и интересите на потрошувачите во однос на храната, ефикасно функционирање на внатрешниот пазар, обезбедување цврста научна основа и поддршка на донесувањето одлуки за хигиената на храната истакна на денешната прес-конференција директорот на Управата за ветеринарство Дејан Рунтевски.
Со законите се уредуваат контролите, обрвските на операторите со храна (внатрешен промет, увоз/извоз) и на одгледувачите на животни, како и посебните барања за одредени активности со храна, директното снабдување од производител до краен потрошувач/локален малопродажбен објект и традиционално производство.
Во Законот за безбедност на храна за животните се пропишуваат правилата за суровини и производи што се користат во анималната исхрана - крмни смески, ензими, микроорганизми и нивни подготовки, адитиви и генетски модифицирана храна, одговорностите на операторите со храна за животни и контролите.
Двата закона со кои практично се заокружува легислативата во ветеринарството овозможуваат, пред се, заштита на здравјето на луѓето и интересите на потрошувачите, транспарентност во работењето, претпазливост, и информирање на јавноста за евентуалните ризици кои можат да произлезат од храната и храната за животни. Се уредува областа на безбедност на храна и храна за животни во едно законско решение без преклопување на надлежностите и прописите, а контролните системи се уредени со интегриран пристап и на униформиран начин. |