- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
МЗШВ склучи 14 договори за доделување концесии на риби за организирање на рекреативен риболовДата на објава: 1 Јули 2018Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потпиша 14 договори за доделување на концесии на риби за организирање на рекреативен риболов на одделни риболовни води. Со потпишување на договорите, рибите за организирање рекреативен риболов се доделија на концесија на избраните 14 концесионери, за наредниот период од шест години. Минималниот концесиски надоместок за организирање на рекреативен риболов изнесува најмалку 10% од наплатениот надоместок за вкупно издадените дозволи за годишно ниво. Со потпишувањето на договорите за концесија на рибите за организирање рекреативен риболов со одбраните концесионери во наредниот период од шест години, ќе се овозможи трајно користење на рибите преку одржлив развој за рекреативен риболов, како и зачувување и заштита на рибите и нивната разновидност. Во Владина процедура се и дополнителни две постапки за доделување концесија на риби на оние риболовни води каде доделените концесии за период 2013-2018 година истекуваат кон крајот на месец август оваа година. Се очекува овие започнати постапки за концесија на риби до крајот на месец септември 2018 година да се финализираат и со тоа би се доделила концесијата на рибите за организирање рекреативен и вршење стопански риболов на сите риболовни води во Република Македонија кои се определени за оваа намена. Додаток за превземање: |