- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Ловечкиот испит од утре се полага со олеснети критериумиДата на објава: 8 Јуни 2018Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска оствари средба со ловџиите во Струмица, на која ги најави новите критериуми за полагање на ловечкиот испит. „Со измените на законот за ловство кои што ги направивме, со укинувањето на електронското полагање кое што се одвиваше само во Скопје, од сега ќе се одвива низ целата територија на Република Македонија, а започнува од утре, 9-ти Јуни во Пехчево“ – изјави министерот Љупчо Николовски Според претходниот закон од 2013 година ловечкиот испит се полагаше електронски и вклучуваше непотребни трошоци. Не беше земено предвид дека голем дел од кандидатите се во поодминати години или немаат познавања за работа со персонален компјутер. Од друга страна, одделно се полагаа првиот и вториот дел на испитот, што им наметнуваше дури до 150 евра повеќе трошоци на кандидатите, а непотребно се плаќаа и услугите за правното лице задолжено да го спроведува испитот. |