- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Нов Протокол за побрз проток за извоз на македонските земјоделско-прехранбени производиДата на објава: 14 Мај 2018Директорите на Царинската Управа и на Бирото за јавна безбедност, Ѓоко Танасоски и Лазо Велковски, во присуство на министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски, денеска потпишаа нов Протокол за уредување на постапките за побрз проток на жива стока, стока во жива состојба, опасни материи, стока во новиот компјутерски транзитен систем и на празни камиони на граничните премини Табановце и Богородица. Овој протокол, како што истакна министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски, е од исклучително значење за извозот на македонските земјоделско – прехранбени производи. „Новиот Протокол којшто денеска го потпишаа Царинската управа и Бирото за јавна безбедност е особено важен за извозниците од секторот земјоделство бидејќи се овозможува 24 часовен слободен коридор за приоритетно движење на жива стока и стока во свежа состојба, за што порано имаше ограничено време. На овој начин значително се олеснува и забрзува протокот на стоки, што е важно за македонските земјоделско- прехранбени производи навреме да стигнат на странските пазари“, потенцираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Новиот протокол во исто време, ќе придонесе и да се избегнат подолги задржувања на граничните премини и да се обезбеди брз и безбеден проток на жива стока на овие два гранични премини. „Царинската Управа перманентно работи на одржување на постојните и воведување на нови можности за олеснување и забрзување на царинските постапки и условите за нивно спроведување, со поддршка од информатичка и комуникациска технологија“, истакна директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танасоски. Протоколот за побрз проток на стоки на граничните премини Табановце и Богородица е изработен врз основа на меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за финансии. „Ова ќе го правиме координирано, ќе дејствуваме заеднички се со цел поефикасно користење на расположливите материјални технички, човечки и финансиски ресурси. Секако според надлежностите, коишто ни се утврдени со закон и подзаконски акти и прописи. Во текот на 24 часа координирано ќе настапуваме заедно со царинските служби, заедно со инспекциските служби коишто ќе бидат на наведените гранични премини. Ќе се следат состојбите, ќе се координираат, се со цел да се обезбеди брз проток на стоката“, додаде, Лазо Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност. Протоколот за уредување на постапките за побрз проток на жива стока, стока во жива состојба, опасни материи, стока во новиот компјутерски транзитен систем и на празни камиони на граничните премини Табановце и Богородица стапува на сила веднаш. |