МЗШВ: Континуирано се следи состојбата со ниските температури и нивното влијание врз земјоделските култури

Дата на објава: 
23 Март 2018
lozje_sneg.gif

Министерството за земјоделство, шумарство и водостoпанство континуирано ја следи состојбата со врнежите од снег и ниските температури, како и нивното влијание врз земјоделските култури.Воедно, во соработка со Управата за хидрометеоролошки работи, се следи и  метеоролошката прогноза, со цел  навремено да се информираат земјоделците и да се подготват за преземање на  превентивни мерки.

 

Според прогнозите на Управата за хидреометеролошки работи, снежниот бран ги затекна овошките во фаза на полно цветање каде нивната издржливост кон ниски минимални температури е околу -2 до -3 степени. Бидејќи остварените температури беа во тие граници, не се очекуваат значителни оштетувања на родот.

 

Понатаму, ваквите временски услови и облачноста во текот на викендот нема да дозволи драстично опаѓање на утринските температури. Најниски температури се очекуваат во недела кога, во утринските часови температурите би се спуштиле до -4 степени. Бидејќи овие температури се блиску до границите на издржливот, може да предизвикаат само проретчување на родот, но не и негово оштетување.

 

На почетокот на наредната седмица се очекува променливо време со повремени врнежи од дожд кои ќе одржуваат позитивни утрински температури, но и покачување на дневните температури до петнаесеттиот степен. Во втората половина од неделата, се очекува стабилизирање и пораст на дневните температури и до 20 степени.

 

Според податоците од Подрачните единици на МЗШВ, досега земјоделците немаат пријавено штети од ниските температури и врнежите од снег, но состојбата на терен континуирано ќе се следи, со цел навреме да се преземаат доколку е потребно соодветни мерки.