Дата на објава:
26 Јануари 2010Шумарството годинава ќе се финансира со 150 милиони денари преку програмата за проширена репродукција на шумите.
За извршување на мерките и активностите од оваа програма, се утврдени повеќе мерки и активности и тоа:
- За пошумување на голини и ерозивни земјишта се планирани 45 милиони денари за пошумување на 750 хектари
- За нега сo проред на шумски култури, на насади подигнати со пошумување и на пренаменети природно пошумени површини до 30 годишна возраст.За оваа намена се планирани 8 милиони и 250 илјади денари за 550 хектари шума
- За отстранување на последиците од шумски пожари на површина над 50 ха во рамките на една шумско-стопанска единица преку вештачка обнова ќе се интервенира со 27,3 милиони денари.
- Превентивната заштита на шумите и шумските култури ќе се подржи со 1 милион денари и тоа од потенцијални штетници кои можат да загрозат поголеми шумски простори.Спроведувањето на оваа мерка ќе се врши преку организирана Информативно Диагностичко прогнозерска служба(ИДП) и преку следење на состојбата на шумите преку биоиндикаторските точки
- Сузбивање на растителни болести и штетници во шуми и шумски култури и на површини во кои е извршена мелиорација на деградирани шуми и шикари.Сузбивањето ќе се изврши со авионско третирање за сузбивање на штетникот боров четник боровите шуми и шумски култури на површина од околу 12.000 ха во повеќе региони во Република Македонија. За извршување на оваа мерка се планираат средства во износ од 12 милиони денари.
- Дел од средствата на оваа програма, во износ од 50 милиони денари, ќе се користат за спроведување на Акцијата Ден на дрвото - засади ја својата иднина.Со оваа акцијата се планира пошумување на земјиште во државна сопственост на површина од 1.175 ха, со околу 3 милиони садници или просечно по околу 2.550 садници на 1 ха. За засадување на повеќегодишни (школувани) декоративни шумски садници во дворните површини на училиштата во Република Македонија и на други јавни установи опфатени со оваа акција, како и на патните појаси околу државните патишта, ќе се обезбедат 5.000 садници.
Со Програмата за проширена репродукција на шумите ќе бидат поддржани и изработките на студии кои главно се однесуваат за: шумски подрачја ризични од ерозија во РМ, развој на шумска патна мрежа како и за формирање на информатичка мрежа и воведување на ГИС технологија во шумарството во Македонија.
.
Корисници на средствата за проширена репродукција на шумите се субјектите кои стопанисуваат со шумите во државна сопственост и сопствениците на шуми во приватна сопственост