- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Заврши проектот за развој на пчеларството ТИКАДата на објава: 21 Јануари 2010Производство на висококвалитетен мед, млеч, прополис и полен, формирање нови одгледувалишта на пчели и модернизација на постоечките, се дел од резултатите на проектот „Развој на пчеларството во источна Македонија“ што изминатите три години го реализираше Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Турската Администрација за Соработка и Развој (ТИКА).
Целта на проектот,како што истакна Бесир Јашари, државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на завршната манифестација, беше да обезбеди развој на руралните средини во Источна Македонија. Спроведените активности, додаде тој, овозможија подобрување на социјалниот и економскиот статус на земјоделците-пчелари во Радовишко. Во рамки на проектот бесплатно се поделени 2.000 сандаци за пчели, преку 1.400 пчелни семејства, средства за производство на матици, лекови против пчелни болести, литература и опрема за пчеларење. Се формира и Здружение на пчелари кое активно учествува во подигнување на нивото на секторот и во производството на мед.
Според Тунџај Башоглу, координатор на Канцеларијата за програмска координација на ТИКА. во Скопје, кон крајот на минатата година регистриран е пораст на бројот на пчелни сандаци на 2.300, а производството достигнало 12,5 тони мед. Тој посочи дека преку овој прокет сега 89 семејства од источниот дел на Македонија професионално се занимаваат со пчеларство.
Тој констатира дека е потребно продолжување на прокетот во насока на воведување и развивање систем за идентификација и обележување на пчелните семејства, односно воспоставување пчелен катастар. |