Министерот Николовски и DGAgri согласни- итно зајакнување на капацитетите на Платежната

Дата на објава: 
12 Декември 2017
25151978_2075243429363852_4479782424252007537_n.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска имаше работен состанок со првите луѓе на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на ЕУ (DGAgri). На средбата од страна на DGAgri присуствуваа Лиам Бреслин, Ана Новак и Зиго Рутковски, како и директорот на македонската Платежна агенција, Николче Бабовски. Од (DGAgri) упатија јасна порака - итно зајакнување на капацитетите на Платежната агенција за ефикасна искористеност на постојните и акредитација на нови мерки од ИПАРД Програмата. Министерот Николовски посочи дека дека зајакнувањето на капацитетите на ИПАРД управувачкото тело и на Платежната агенција, се високо на агендата на Владата и очекува во иднина да дојде до фазно доекипирање на овие две тела, а подеднакво посветено се работи и на акредитирање на нов мерки од ИПАРД Програмата.

Од DG Agri, порачаа дека треба да се работи на поедноставување на  процдурите за аплицирање за ИПАРД Програмата и воведување на основни документи за подобност. Воедно посочија дека треба да се користат искуствата на дургите земји, кои се успешни во искористувањето на ЕУ фондовите, како Турција и Хрватска.

Министерот Николовски истакна голема благодарност до претставниците на DG Agri, за нивната заложба за Македонија да може ефикасно да ги  искористи ЕУ фондовите и посочи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде силен партнер со DGAgri, се со цел модернизирање и приближување на македонското земјоделство до европските стандарди.

Инаку во феврурари следната година Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на ЕУ,  во Република Македонија ќе организира заедничка работилница со управувачките тела и Платежните агнеции од Албанија, Македонија и Црна Гора за имплементација на повици од ИПАРД Програмата.