- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Со окрупнување на земјоделското земјиште до продуктивно и конкурентно земјоделско производствоДата на објава: 9 Ноември 2017Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, присуствуваше на третата регионална работилница на ФАО за консолидација на земјоделско земјиште, што се одржа во Струмица. Проектот „MAINLAND“, финансиран од Европската Унија, го споведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Целта на работилницата беше да се зголеми локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделско земјиште за земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште. Консолидација на земјиштето е комплексен процес што треба да ги мотивира земјоделците да ги решаваат имотно-правните проблеми заради зголемување на конкурентноста на земјоделското производство и подобрување на условите за живот во руралните средини со одржливо користење на природните ресурси. Окрупнувањето на земјоделското земјиште е неопходен чекор за развој на македонскиот аграр, посочи министерот министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. „Малите и раситнети парцели резултираат со ограничено производство, зголемени транспортни и производствени трошоци, како и неможност за имплементација на современи технологии и развојни планови. Консолидацијата е вистинскиот начин секое земјоделско стопанство да поседува земјиште на поголема површина и со правилна форма, наспроти малите расцепкани парцели. Консолидацијата е вистинскиот начин за окрупнување на земјоделското земјиште, со кој ќе се овозможи секое земјоделско стопанство да поседува земјиште на поголема парцела, што крајно ќе значи помали трошоци, полесен пристап до системи за наводнување и создавање на продуктивно и конкурентно земјоделско производство, што е еден од клучните приоритети на Владата“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Присутните имаа можност да се информираат повеќе за претстојната селекција на најпогодни области за т.н. консолидација на земјиште. Во рамки на проектот „MAINLAND“, веќе започнаа активностите за идентификување на регионите во државата каде што е потребно и можно консолидирање на земјиштето. Овој процес, напомена министерот Николовски, ќе се одвива преку различни инструменти ,од едноставна размена на парцели со или без промена на нивната форма до репарација на земјиштето со промена на границите на земјишните парцели со правилна форма. Од ФАО посочија дека до крајот на годината треба да се одберат 12 зони за консолидација. „Тие нема само да се окрупнат, туку ќе добијат и нова патна инфраструктурна мрежа, како и нови системи за наводнување. Многу западноевропски земји имаат долга традиција на окрупнување на земјиштето (повеќе од 100 години), каде тоа се користи како најефективен инструмент за решавање на проблемите поврзани со расцепканост на земјиштето и малите фарми, како и потребата за подобрување на руралната инфраструктура и оддржливо користење на природните ресурси“, изјави Вилма Даугалиене, главен технички советник во ФАО. Учесниците на работилницата имаа можност да се информираат за принципите и постапките за консолидација на земјоделското земјиште, во согласност со соодветниот закон и во насока на спроведување на Националната стратегија за консолидација на земјиште 2012-2020 година. Овој процес треба да ги мотивира земјоделците да ги решаваат имотно-правните проблеми. Битолското село Егри е едно од селата вклучени во пилот-проектот, во кој ќе се консолидираат 330 хектари земјоделско земјиште. Освен во Струмица, регионални работилници се одржаа во Гостивар и во Битола, а наредната е закажана на 14-ти ноември во Штип. По овие настани, проектниот тим, заедно со претставници на МЗШВ и АПРЗ, ќе спроведе локални информативни состаноци во целните села, со цел да им помогне на потенцијалните кандидати да аплицираат како корисници на проекти за консолидација на земјиште. Буџетот на проектот изнесува 2,56 милиони евра (финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (2,5 милиони евра) и придонес на ФАО (61,2 илјади евра).Истиот ќе се спроведува во времетраење од 3,5 години, почнувајќи од март 2017 до август 2020 година. Главната цел на проектот е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси. |