Министерот Николовски е именуван за ко-претседател на на Меѓувладината македонско-руска комисија

Дата на објава: 
1 Ноември 2017

Владата на Република Македонија донесе решение за именување на  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за ко- претседател на македонскиот дел на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација.

 

Во фокусот на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација, ќе бидат неколку сектори, како земјоделство,  енергетика, индустрија, трговија,транспорт, образование, наука, култура, туризам и воено-техничка соработка.

 

Целта на оваа Комисија е унапредување на трговско- економската и научно-техничката соработка меѓу двете земји.

За таа цел, во рамки на Комисијата се формирани работни групи од секој од погоре споменатите сектори, кои меѓусебно соработуваат и подготвуваат соодветни материјали за одржување на седниците на Меѓувладината Комисија.

 

Оваа Комисија беше во мирување изминатите три години поради политичката криза.

Динамиката на одржување на седниците на Комисијата е еднаш годишно, а следната седница ќе биде одржана во Република Македонија, во најбрз рок.