- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Николовски: Посветени сме на решавање на проблемот со „Повардарие“ и исплата на долгот кон лозарите од страна на визбатаДата на објава: 31 Октомври 2017Винарската визба „Повардарие“ треба да го исплати долгот кон лозарите до денар, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. При тоа министерот посочи дека Државниот инспекторат за земјоделство, при контролите утврдил дека винарската визба „Повардарие“ има залихи на вино, со чија што продажба, лозарите ќе бидат исплатени. „Записникот е веќе подготвен од ДИЗ, кој во изминатите седум дена беше во винарската визба „Повардарие“. Во наредните денови ќе правиме притисок за целосна, брза исплата на секој лозар. Сериозно сме фокусирани на ова прашање. Потпишав решенија со кои се одобрува продажбата на вино од залихите, но под услов со тие финансиски средства да бидат исплатени лозарите“, нагласи министерот Николовски. Министерот потенцираше дека од 1-ви јуни годинава е запознаен со случајот на „Повардарие“ кој, и покрај долговите, бил игнориран изминатите 10 години. „Уште од почетокот на мојот мандат како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, сум запознаен со проблемот со долгот што винарската визба „Повардарие“ го има кон лозарите. Изминатите години и покрај долгот кој што постоел и проблемите со исплатата, визбата била запишувана во регистарот.Ова е прва година винарската визба „Повардарие“, да не е запишана во регистарот на откупувачи на земјоделски производи, поради долгот што го има кон лозарите. Изминатиов период имав неколку состаноци со менаџментот на винарската визба, се со цел да се забрза исплатата на парите за откупеното грозје и да им укажеме дека долгот кон лозарите до еден денар треба да биде исплатен. И во следните денови како ресорно министерство ќе ја продолжиме комуникацијата со раководството на „Повардарие“, се со цел лозарите да бидат исплатени“, изјави министерот Николовски. Според информациите од ДИЗ, на почетокот долгот на винарската визба кон лозарите беше над 3,5 милиони евра, a денеска долгот изнесува околу еден милиони евра. Министерот Николовски нагласи дека за целиот случај е информирана и Владата, се со цел да се најде решение на долг рок, а лозарите да бидат комплетно исплатени од страна на визбата. |