- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Николовски во Брисел се сретна со директорот за земјоделство и рурален развој Јержи Плева.Дата на објава: 24 Октомври 2017Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во Брисел имаше работен состанок со генералниот директор за земјоделство и рурален развој во Европската комисија Јержи Богдан Плева.
На состанокот, од страна на Европската Комисија, присустуваа и директорот за рурален развој и претпристапна поддршка Марио Милушев, како и останати раководни лица при ЕК, надлежни за Република Македонија и за претпристапната поддршка за влез во Европската унија.
Генералниот директор Плева, позитивно го оцени големиот интерес и бројот на доставени барања за користење на финансиски средства од ИПАРД 2014-2020 на првиот јавен повик 01/2017, и изрази надеж дека нема да се повтори искуството со искористувањето на финансиските средства од ИПАРД 2007-2013. Тој порача дека за ефикасно искористување на финансиските средства од руралните програми, како што е ИПАРД, клучни се човечките ресурси и функционалноста на Платежната агенција.
Министерот Николовски го информираше г-дин Плева, дека за новата Влада на Република Македонија, членството во Европската унија претставува главен приоритет и во таа насока, веќе се направени анализи и се превземаат мерки се со цел да има успешно спроведување на ИПАРД 2014-2020.
Како две значајни активности на кои се работи е зајакнување на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, но и на советодавните служби, како и воспоставување на механизам за пред - финансирање на ИПАРД корисниците. Исто така, се планира и воведување на нови мерки во ИПАРД 2014-2020 како што се „Инвестиции во јавна рурална инфрастктура“ и ЛЕАДЕР пристапот. Генералниот директор г-дин Плева, ја поздрави идејата за воведување на нови мерки, посебно ЛЕАДЕР пристапот кој е успешна приказна во земјите членки и напомена дека пред институциите кои се надлежни за спроведување на ИПАРД, претстои голем предизвик да се реализираат навремено барањата за финансиска поддршка од ИПАРД 2014-2020 и генерално да се подобри ситуацијата со искористувањето на претпристапните фондови. |