- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
МЗШВ ги плати неизмирените обврски кон сопствениците на приватни шуми за 2016 годинаДата на објава: 13 Октомври 2017Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги исплати неизмирените обврски од Програмата за проширена репродукција на шумите за 2016 година кон сопствениците на приватни шуми. Овие неизмирени обврски МЗШВ ги исплати од Програмата за проширена репродукција на шумите за 2017 година, во износ од 21 илјади евра, за пошумување на сопственото земјиште со вкупна површина од 21,54 хекатри, на 16 лица. Со Програмата за 2016 година беа обезбедени околу 25 илјади евра за пошумување на 25 хектари земјиште во приватна сопственост, за што конкурираа 17 лица, но само едно лице не ја реализираше мерката.
Исто така со Програмата за 2017 година се предвидува мерка за пошумување на земјиште во приватна сопственост на вкупна површина од 20,13 хектари, за што се обезбедени средства од Буџетот на РМ во вкупне износ од близу 20 илјади евра или речиси 1.000 евра по хектар. Бидејќи од година во година се повеќе расте интерсот на физичките лица за пошумување на земјиште што е во нивна сопственост, заложбата на МЗШВ е да во иднина се обезбедуваат повеќе средства за финансирање не само на оваа мерка за пошумуивање, туку во договор со сопствениците на приватни шуми, да се финансираат и други мерки што се во нивни интерес.
Во согласнот со Закон за шуми, Владата секоја година носи Програма за проширена репродукција на шумите со која се обезбедуваат средства за финансирање на повеќе мерки од областа на шумарството, како што се пошумување на голини и ерозивни земјишта, одгледување и заштита на шумите во РМ, санирање на опожарени шумски површини, како во државна така и во приватна сопственост. За следната година буџетот за оваа Програма ќе биде зголемен за четири пати.Една од важните цели на Владата ќе биде зголемување на шумскиот фонд во Република Македонија и многу поквалитетно чување на шумите и заштита од дивата сеча.
А еден од главните приоритети во шумарството, кој се планира да отпочне е инвентаризација на шумите, преку која ќе се утврди фактичката состојба со каков шумски фонд располага Република Македонија, со цел правилно да се креираат политиките за управување и стопанисување со шумите во иднина. |