- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Кривични пријави за 24 лица за злоупотреби на земјоделски субвенцииДата на објава: 5 Октомври 2017Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со Одделението за организиран криминал и корупција при Основно Јавно Обвинителство денеска поднесе кривична пријава против 24 лица и тоа: М.Б. (45) од Скопје, раководител на Сектор за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ѓ.Д. (55) од Скопје, помошник на раководител на Сектор за меѓународна соработка во МЗШВ, В.С. (33) од Тетово, помлад соработник за водење на договори на земјоделско земјиште во Одделение за регистрирање на земјоделско земјиште - Сектор за регистрирање, управување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост во МЗШВ, М.В. (37) од Гевгелија, соработник за подготовка, прибирање и обработка на податоци од Регистрите на МЗШВ во подрачна единица Гевгелија, П.К. (63) од Гевгелија, виш соработник за собирање, класифицирање и административна контрола на податоците од Регистрите на Министерството во во П.Е Гевгелија, Ј.С. (42) од Гевгелија, референт за административни работи во ПЕ Гевгелија, Г.М. (33) од Валандово, соработник за подготовка, прибирање и обработка на податоци од Регистрите на Министерството во П.Е Валандово, Е.Т. (29) од Валандово, волонтер со Договор во МЗШВ -ПЕ Валандово, М.Д. (51) од Валандово, самостоен референт за стручно административни работи во ПЕ Валандово, В.С. (30) од Скопје, референт за административни работи во Подрачна Единица Кисела Вода на МЗВШ, А.И. (49) од Скопје, помлад соработник за оперативна работа на Министерството во ПЕ Кисела Вода, С.Р. (44) од Скопје, самостоен референт за стручно административни работи во ПЕ Чаир при МЗШВ, Ѓ. И. (29) од Скопје, помлад референт за административни работи во МЗШВ – ПЕдиница Карпош со работните задачи што ги извршувал во ПЕ-Чаир и С.П. (53) од Гевгелија, виш соработник за собирање,класифицирање и административна контрола на податоците од Регистрите на МЗШВ во ПЕ Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 став 5 од КЗ на РМ. Кривично пријавени се и лицата Е.О. (39) од Богданци, Државен инспектор во Државен инспекторат за земјоделство, З.Д. (34) од Скопје, Управител на правното лице ДЗПТУ Дедема Плус Дооел Скопје, С.В. (48) од Скопје, Управител на правното лице ДПТУ Агро Проџек Велјанови Дооел, Х.Л.Д. (55), турски државјанин, Управител на правно лице Агро Лезет Доо, Н.Ш. (53), турски државјанин, Управител на правно лице Норм Агро Доо, Р.В. (26) од Скопје, Управител на правното лице Агро Проџек Рамака Дооел Гевгелија, М.В. (24) од Скопје, Т.В. (51) од Скопје, Г.С. (39) од Скопје и К. О. (66) од Богданци - сите поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 став 5 вв член 24 од КЗ на РМ.
Пријавените, горенаведените кривични дела ги вршеле на начин што Раководителите во МЗШВ кои што биле назначени како претседатели на Комисии за одлучување по јавни огласи за давање под закуп на државно земјиште постапувајќи спротивно на закон, склучиле договори со нови закупци за парцели кои што биле правно спорни и не можеле да бидат предмет на договор. За парцелите кои што се спорни барани се субвенции спротивно на Закон при што барањата за субвенции во системот на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој се внесувани од лице кое што нема засновано работен однос во МЗШВ, а овие активности ова лице ги прави во координација со кривична пријавената С. П., вработена како Раководител на одделение за координација на подрачните единици во регионот Гевгелија. Во периодот од 2011 година до 2016 година искористувајќи ја својата службена положба и овластување пријавените лица со своите незаконски дејствија противправно се стекнале со имотна корист во вкупен износ од 13.698.297 денари или 222.736.54 евра, истовремено нанесувајќи штета на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој и на Буџетот на РМ. Денеска лишени од слобода се шест од кривично пријавените и тоа Ѓ. Д., В. С., М. В., Г. М., Е. О. и С. П. |