- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
За пет дена јавно отворање на понудите за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектариДата на објава: 6 Септември 2017Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство соопштува дека огласот за прибирање на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари заврши на 05.09.2017 (вторник). Јавното отворање на пристигантите понуди ќе биде на 11.09.2017 (понеделник). Во интерес на транспарентноста, да не се наруши доверливоста на понудите, но и во очекување на понудите кои треба да пристигнат по пошта, засега не може да се изнесат официјални податоци за бројот на пристигнати понуди. Предмет на овој оглас се земјоделски површини кои се наоѓаат во катастарските општини на територијата на Неготино, Берово, Пробиштип, Кисела Вода, Кичево и Прилеп, во вкупна површина од 866 ха 75ар 56м2 Намената на земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е за:
-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, -подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, -подигање на маслинарници за период до 50 години, -одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години, -ливади за период до 15 години, -за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, -рибници до 20 години и -спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години. Отворањето на понудите и давањето под закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост согласно овој оглас, ќе биде отчетно и транспарентно. Јавното отварање на понудите ќе се одржи во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. |