Министерот Николовски одржа работен состанок со претставниците на винарските визби

Дата на објава: 
17 Август 2017
20914311_2022602301294632_6482032935749301411_n.jpg

Во пресрет на откупот на грозјето, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска имаше работен состанок со претставници на најголемите винарски визби од земјава. На состанокот беа презентирани состојбите со бербата на грозје и плановите за откуп на винското грозје. Винарските визби ги посочија проблемите со кои се соочуваат, како неликвидност, големи залихи и други проблеми кои се години се напластувале, а не се нашло решение. Сепак од винарските визби посочија дека грозјето од годинешната реколта ќе биде целосно откупено. Министерот Николовски изјави дека годинава не се очекуваат проблеми со откупот.

„Годинашниот род е со подобар квалитет, но приносите се намалени. Родот ќе биде откупен во целост. Со винарските визби се договоривме да се креира модел на континуиран дијалог, а не разговарање непосредно пред сезона. Последниве единаесет години власта водела популистичка и несистематска политика во лозарството што довело и до напластување на проблемите. Ќе настојуваме да се реши секоја ситуација што како горлива ќе ја предочат производителите и откупувачите. Сите заеднички ќе придонесеме во креирањето на суштински мерки“, изјави  министерот Николовски.

Поради лошите временските услови во текот на оваа 2017 година имајќи ги предвид досегашни анализи оваа година се очекува намален род 30%, и реално е да се очекува обем на откуп од околу 90.000 тони грозје.

Владата веќе донесе одлука за зголемување на субвенцијата за 10 отсто од хекатр за одржување на лозови насади, со цел да се надомести штетата. Исто така, за две недели се очекува да се исплати  субвенцијата за винарските визби од 3 денари за килограм откупено грозје.

По овој состанок со винарските визби, деновиве министерот Николовски ќе ги повика на средба и производителите на грозје, лозарите со цел да ги слушнеме нивните барања.

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, останува отворено за дијалог со сите чинители во овој сектор, бидејќи само на таков начин ќе се најде соодветно решение прифатливо и за двете страни.