- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Надминат проблемот со Хрватска, регионот здружен да се почитуваат правилатаДата на објава: 10 Август 2017Веста за повлекување на новиот и враќање на стариот Правилник е објавена на официјалната веб страна на Министерството за земјоделство на Хрватска. Со враќањето на стариот Правилник, трошоците за контрола на квалитет на овошјето и зеленчукот од трети земји остануваат 90 куни (12 €) по производ. Одлуката на Хрватска доаѓа по само три дена од заедничкиот состанок на надлежните министри од Република Македонија, од Србија, од Босна и Херцеговина и од Црна Гора , што се одржа во понеделникот во Сараево. На состанокот беа донесени заеднички заклучоци и истите беа пратени до Европската Комисија и до Хрватска. Повлекувањето на правилникот е резултат на брзата реакција на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на РМ, со цел што поскоро да се најде решение за проблемот со кој се соочија македонските извозници во Хрватска, по најавите за зголемување на трошоците за контроли при извоз во оваа земја. Ова е заднички успех на Република Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора и доказ за посветеноста на регионот на Берлинскиот процес и градењето на заедничка економска област, што е секако во насока на Европските перспективи на регионот. Одлуката на Хрватска за враќање на старите цени за инспекциски контроли за увоз на зеленчук и овошје од трети земји, е позитивна за македонските компании кои извезуваат во Хрватска. Владата на Република Македонија, континуирано ќе работи во насока на заштита на македонското земјоделско производство и непречен извоз на македонските земјоделско-прехрамбени производи. Следниот месец е договорен состанок на надлежните министри од регионот во Скопје, на кој ќе се разговара како да се отстранат бариерите кои ја загрозуваат слободната трговија на добра. |