- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана за движење во шумиДата на објава: 7 Август 2017Поради високите температури во овој период од годината, како и поради појавата на голем број на шумски пожари, врз основа на член 57 став 3 од Законот за шумите („Сл.весник на РМ“ бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15 ,44/15, 147/15, 7/16, и 39/16 ) Субјектите кои стопанисуваат со шумите и сопствениците на шуми во согласност со Органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството можат целосно или делумно да забранат движење во шумата или оделни нејзини делови или работи кои се изведуваат во шума.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство забранува целосно движење во шумите, без оглед на нивната намена. Забраната започнува да важи од 05.08.2017 година и ке трае се до нејзино отповикување. Оваа забрана не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми, шуми со специјална намена споменици на природата и сл) .
За непочитување на одредбите од Законот за шумите, физички лица кои се затекнати да се движат во шума ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност, согласно член 106 од Законот за шумите.
Исто така, се известуваат сите граѓани на Република Македонија дека е забрането палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, сочласно член 23 од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15 И 193/15) и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.
За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството. |