На почеток на следната недела, субвенции за овоштарите

Дата на објава: 
28 Јули 2017

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство е свесно за состојбата во која што се наоѓаат овоштарите од Преспанскиот регион. Токму затоа се прават напори да се излезе во пресрет на земјоделците и на нивните барања.

Едно од нивните барање и причина за револт се дел од неисплатените субвенци, и затоа ги информираме  дека денеска се изготвени решенијата за исплата на 544 овоштари во висина од 28 милиони денари, пари кои производителите ќе ги добијат на почетокот на следната недела.

Што се однесува околу исплатата на обештетувањето за ланските пролетни мразеви во Преспанскиот регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  подготви Информација која ќе се разгледува на една од следните владини седници.

 

Воедно, ги информираме и останатите земјоделци, дека освен за овоштарство, изготвени се и решенијата за исплата на субвенции за лозарство и за штетите од невремето во општина Гази Баба. Исплатата и на овие субвенции ќе биде на почетокот на следната недела.

 

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство продолжува да работи во интерес на земјоделците и земјоделското производство како важна стратешка гранка. Владата на Република Македонија ќе делува континуирано во делот на интервенциите и решавање на проблемите во земјоделството, тогаш кога ќе биде потребно.