Министерот Николовски оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија

Дата на објава: 
11 Јули 2017
Plomp - Nikolovski.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска имаше средба со Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп. На средбата беше потврден интересот за интензивирање на соработката меѓу двете земји во областа на земјоделството и руралниот развој. Амбасадорот истакна дека Холандија е отворена за секаков вид соработка и подготвена  да помогне за успешна реализација на тековните проекти за институционално зајакнување меѓу кои Твининг проектот во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и проектот за консолидација на земјоделското земјиште кои се спроведуваат од меѓународни консултантски тимови во кои учествуваат и холандски експерти. На средбата беше разговарано за идните стратешки приоритети на Владата во областа на земјоделството, а Холандија се понуди да даде техничка помош за проценка на ефектите од субвенциите, поголема искористеност на ИПАРД средствата, истовремено и да се разгледа можноста од повторно активирање на програмата МАТРА за јакнење на капацитетот на институциите.

 

Амбасадорот Пломп го потенцираше интересот на холандските компании за инвестирање во земјоделскиот сектор во Република Македонија, заради поволните услови за производство и компаративните предности на земјата и изрази надеж за зголемување на бројот на инвестиции во наредниот период.