- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Производство на органска храна ќе биде стратешка цел на новата ВладаДата на објава: 3 Јули 2017Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, учествуваше на тркалезната „Развојни трендови во земјоделскиот сектор во ЦЕФТА-регионот, основа за поголема конкурентност на пазарот на Европската унија“, организирана од Стопанската комора на Македонија. Најголемо учество во извозот на Република Македонија во ЦЕФТА земјите им припаѓа на земјоделските и прехранбените производи, а целокупната трговија во регионот на ЦЕФТА се заснова на размена на земјоделски производи кои се присутни со повеќе од 60%. Земјоделско-прехрамбениот сектор е еден од клучните економски сектори во Република Македонија со учество во бруто домашната вредност од 15% и учество во вкупниот извоз со 17%, а во кој е ангажиран значителен дел од македонското население кое обезбедува егзистенција или дополнителни приходи од овие дејности. Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски истакна дека производството на безбедна храна за потрошувачите, која има поголема додадена вредност, е стратешка цел во земјоделската политика на новата Влада, за што се преземаат соодветни мерки за развој и зголемување на органското производство. „Преку мерките во рамки на Програмата и програмите што ќе се носат во следниот период ќе предвидиме и дополнителни субвенции и нови мерки за модернизација на органското производство, но и засилена поддршка на извозот и на промоцијата на органските производи.Развојот на земјоделството и на руралните средини е приоритет на нашата Влада која за потребите на политиките на поддршка ќе издвојува по 160 милиони евра годишно надополнети со средствата од Европската Унија кои ќе им бидат на располагање на нашите земјоделски производители“, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасовски, изјави дека се спроведуваат силни контроли со цел потрошувачите да не се доведуваат во заблуда. Од Стопанската комора потенцираа дека е потребно едуцирање на земјоделците преку образовни програми и обуки за поголемо производството и поголема конкурентност на пазарите во регионот и ЕУ.Според Васко Ристовски од Стопанската комора, ако не се преземат конкретни чекори во земјоделскиот сектор во Македонија, особено во делот на органската храна, производителите нема да го одржат ниту сегашното ниво. „ Земјите во регионот интензивно работат на развојот на земјоделството, особено на производството на органска храна и се далеку пред. Како резултат на не баш добрата земјоделска политика кај нас земјоделското производство стагнира и немаме никави резултати“, изјави Ристовски. Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Вјекослав Танасковиќ порача дека посебниот вкус и квалитет на македонскиот производ се уште му овозможува да биде добро препознаен на пазарите во поранешна Југославија, Источна и Средна Европа, а се македонските органски производи да ги освојат и пазарите на змејите членки на Европската унија. „ Единствен проблем е продуктивноста и конкурентноста во споредба со земјите од ЕУ, што е резултат на слабото воведување современи технологии во производството, на кое може да се надоврзат традициите и навиките на нашите земјоделски производители, послабото вложување во нови современи технологии, расцепканоста на површините“, изјави Танасковиќ. Од тркалезната маса произлезе заклучок, во најкраток можен рок да се формира „Групација за органско производство“ во која учество би земале сите релевантни чинители-производители на органска храна, дистрибутери и трговски ланци, преработувачи како и претставници од науката како и да се побара од ресорното министерство формирање секторска подгрупа која итно би се вклучила во работата на измени на законската регулатива и градењето нова стратегија во земјоделството. |