- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
ИЗВЕСТУВАЊЕ за полагање на испит за добивање на уверение за рибочувар и за добивање на уверение за вршење на стопански риболовДата на објава: 10 Април 2017Се известуваат сите заинтересирани кандидати дека на 9-ти мај 2017 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул. Христо Смирненски, бр.30 ламела 1, Скопје, ќе се одржи полагање на испит за добивање на уверение за рибочувар (теоретски дел) и за полагање на испит за добивање на уверение вршење стопански риболов (практичен дел).
Испитот за добивање на уверение за рибочувар (теоретски дел) ќе започне во 10:00 часот, а испитот за добивање на уверение вршење за стопански риболов (практичен дел) ќе започне во 12:00 часот.
Кандидатите кои ќе го положат теоретскиот дел од испитот за добивање на уверение за рибочувар, практичниот дел од испитот ќе може да го полагаат на 8-ми јуни. И тој испит (практичниот дел) ќе се одржи во просториите на Испитниот Центар на ул. Христо Смирненски, бр. 30 ламела 1, Скопје, со почеток во 08:00 часот.
Заинтересираните кандидати за полагање на испитот за добивање на уверение за рибочувар треба да се државјани на Република Македонија и да се полнолетни. Барањето за полагање на испитот за добивање на уверение за рибочувар се поднесува до архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 25.04.2017 година (вторник). Кон барањето за полагање на испитот се приложуваат потребните докази за докажување на исполнување на условите и тоа: - уверение за државјанство; - фотокопија од лична карта и - уплатница за уплатени средства како надомест за трошоци за полагање на испитот. |