- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Субвенции од два денара за килограм за откупено грозје „смедеревка“Дата на објава: 6 Октомври 2016Винарските визби кои ќе откупат грозје од сортата „смедеревка“ ќе добијат субвенции од два денара за килограм. Мерката е донесена на вчерашната владина седница и со неа се очекува да бидат откупени преостанатите количини од оваа сорта.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска на прес-конференција истакна дека според нивните сознанија не се собрани уште 20 до 30 милиони килограми грозје од сортата „смедеревка“.
Субвенции ќе може да добијат оние винарски визби кои се запишани во регистарот и кои ги имаат подмирено финансиските обврски кон производителите. Тие ќе треба да откупат минимум еден милион и 500 илјади килограми грозје од оваа сорта.
Смедеревката, како што рече Цветков, ќе се откупува согласно договореното, односно 11 денари за 17 шеќерни единици. Ако грозјето е со повеќе од 17 шеќерни единици, тогаш откупната цена ќе биде повисока за 0,65 денари, а доколку е пониска, цената ќе се намали за 0,65 денари.
- Оваа мерка ја донесовме поради тоа што на светскиот пазар каде винариите го продаваат наливното вино, цените се многу ниски. Со цел да бидат конкуретни на тој пазар, Владата им помага со оваа субвенција, рече министерот Цветков.
Според него, мерката за откуп на грозјето од сортата „вранец“ ги дала очекуваните резултати бидејќи се откупени сите количини.
Директорот на Инспекторатот за земјоделство, Цветан Трипуновски посочи дека во досегашниот откуп немале никакви проблеми при проценката на грозјето. |