- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Петир, Костадиновски и Поповски посетија фарма во ПрилепскоДата на објава: 5 Мај 2016Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски и европратеничката Маријана Петир денеска ја посетија краварската фарма на Стевчо Јорданоски во прилепското село Мажучиште. Како што изјави Петир, посетата на фармата била на нејзино барање. Сакала да види како функционираат семејните земјоделски стопанства во Македонија. Европратеничката, која воедно е членка на Одборот за земјоделство и рурален развој на Европскиот парламент, порача македонските служби на локално и државно ниво да им помогнат на земјоделците и подобро да ги подготват за проектите за поголемо искористување на европските фондови. - Сакам да го охрабрам фармерот во настојувањето да се занимава со земјоделство и со сточарство. Македонската влада очигледно се грижи за производството на млеко и го субвенционира. Особено е важно што ќе има промени во Законот за земјоделско земјиште, што им дава можност на земјоделците да станат сопственици, рече Петир и информира дека Европската унија го поддржува земјоделството со 40 отсто од вкупните буџетски средства. Заменик-министерот Костадиновски подвлече дека покрај актуелните национални програми и мерки за поддршка на земјоделството, државата ќе преземе и нови особено во насока на што поголемо искористување на ИПАРД средствата. Годишно, рече Костадиновски, од Програмата за рурален развој се одвојуваат 33 милиони евра, а целта е значително подобрување на инфраструктурата во послабо развиените подрачја. Моментно, интензивно се промовира проектот за поставување систем за наводнување „капка по капка. - Во фаза сме на објаснување на новиот проект за имплементација на системот „капка по капка“ што ќе доведе до двојно поголеми приноси и повисок квалитет на произведеното, со што ќе се намалат трошоците, а ќе се зголеми продуктивноста. Државата со 80 отсто ќе ја покрие таквата инвестиција, истакна Костадиновски.
Заеднички се, додаде, мислењата со европратеничката Петир дека владините политики и мерки за земјоделството се во добра насока. - Досега, од 2006 година, се распределени преку 60.000 хектрари државно земјоделско земјиште. Работиме во следната фаза што повеќе да ги искористиме средствата од ИПАРД фондовите, со конкретни мерки преку ангажирање советници кои ќе им помогнат на земјоделците да аплицираат. Конкретна мерка е што со тие средства ќе може на земјоделците да им се покриваат трошоците со 60 проценти, напомена Костадиновски. Фармерот Стевчо Јорданоски од Мажучиште смета дека моментно има услови за сточарство, особено со државната поддршка. - Со земјоделство се занимавам 16 години, а и со млекопроизводство, тутунопроизводство и со житни и фуражни култури. Државата има повеќе програми, а ги користиме оние за кои исполнуваме услови. Годишно користам вкупно 15.000 евра субвенции. Засега е добро и максимално сме ангажиерани, рече Јорданоски. |