- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Средба на министерот Љупчо Димовски со новинаритеДата на објава: 30 Декември 2009Со оглед на глобалната економска криза, 2009 година не беше лоша за македонското земјоделство, оцени ресорниот министер Љупчо Димовски на денешната завршна средба со новинарите.
- Успешноста на годината не зависеше од нас. Последиците од кризата која се прелеа во реалниот сектор, ги почувствуваме и ние. Пазарите се затворија, а тоа го намали пласманот на одредени земјоделските производи.Според него, 2009 беше најдобра за тутунарите, а најлоша за лозарите. - Откупната цена на тутунот и негово преземање од страна на преработувачите, треба да биде пример за другите сектори, нагласи Димовски.
Државата, сепак, може да се пофали со сработеното кое доби и своевидна потврда преку европската акредитација за целосно самостојно управување со претпристапните ИПАРД фондови.
Најавувајќи ги планираните активности за претстојната 2010 година, министерот истакна дека новиот закон за земјоделство и рурален развој што веќе се изготвува, ги дефинира условите и критериумите за откуп на стратешките култури, житните, градинарските, грозјето. Склучување договори, навремено објавување на откупните цени и обезбедување финансиски гаранции за исплата на родот, се само дел од законските обврски.
Идната година, освен хармонизација на домашното законодавство со европското, во фокусот на Министерството ќе биде и едукацијата на земјоделците за што поквалитетно производство, нивно здружување и работење според принципите на пазарната економија. Меѓу приоритетите ќе биде и ефикасното искористување на ИПАРД средствата, како и реализирањето на субвенциите кои се проектирани на 100 милиони евра.
- Финансиската поддршка никако не смее да биде социјална категорија, туку алатка за зголемување на конкурентноста, потенцира Димовски. |