ЈАВЕН ПОВИК

Дата на објава: 
24 Ноември 2015

 

Согласно Правилникот на KfW „Правилник за Прибирање на Понуди за добра, работа и услуги според Финансиската Соработка со Земјите партнери“ издадена од страна на Kreditanstalt für Wiederaufbau (KFW) Банка, Германија, (Септември 2013 година) и Договорот за Заем помеѓу владите на Република Македонија и Сојузна Република Германија, за финансирање на проектот “Програма за наводнување на јужната долина на Вардар„, Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, донесува:

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

за набавка бр.12-11509/2015

  1. Набавувач

Набавувач е Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, Управа за Водостопанство, претставувана од Единицата за Имплементацијата на Програмата, ул. “Јосиф Јосифовски” (барака) Гевгелија.

  1. Процедура за набавка

Тендерот ќе биде отворен, под еднакви услови, за сите физички и правни лица, кои учествуваат поединечно или во група (конзорциум) од подобните земји.

Набавката ќе биде извршена со повик за прибирање на понуди и во согласност со постквалификациона постапка (процедура на две пликоа) опишана во „Правилникот за Прибавување на Понуди за добра, работи и услуги, според Финансиската Соработка со Земјите партнери“ издадена KFW (Септември 2013 година).

  • Во првиот чекор само техничките понуди ќе бидат отворени и оценети врз основа на критериумите од тендерската документација. Понудувачите чии што понуди одговараат на квалификационите критериуми и имаат постигнато минимален резултат за квалификација ќе бидат квалификувани за вториот чекор.
  • Во вториот чекор, финансиските понуди ќе бидат отворени само на квалификуваните понудувачи. По верифицирањето и поправањето на аритметичките грешки, најниската понуда ќе биде предложена за добивање на договорот.

Набавката ќе ја спроведува Комисијата за јавни набавки назначена од Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство согласно Одлуката за формирање на комисија за јавни набавки со бр.02-10717 од 12.07.2014 како и Одлуките за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на комисија за јавни набавки со бр.02-2227/1 од 11.02.2015 и бр.02-2227/4 од 09.07.2015 година.

  1. Предмет на набавка

Предмет на оваа набавка е “Инженерски Услуги за Надзор на градежни и останати работи за систем за наводнување Валандово” од Програмата за Наводнување на Јужната Долина на Вардар, Фаза 2.

Системот за Наводнување Валандово се наоѓа во Општина Валандово (Југоисточен регион на Македонија) и покрива околу 2,032 ха површина за наводнување. Работата ќе вклучува изведба на Разделна градба на реката Вардар, рехабилитација на зафатна градба и главна целосно автоматизирана пумпна станица (номинален проток од 2.4 m3/s), изведба на главен гравитачен цевковод (L=8874 m) и четири препумпни станици и модернизација на дистрибутивната цевководна мрежа.

Тендерот ќе се состои само од еден пакет.

  1. Извор на средства

Владата на Република Македонија ќе го финансира проектот во рамките на финансиската соработка помеѓу Германија и Македонија. Проектот е финансиран со околу 70% од заемот од Владата на Сојузна Република Германија преку KfW и околу 30% од Владата на Република Македонија. Давачките како ДДВ, царина и увозни давачки и такси ќе бидат надоместени од Владата на Република Македонија.

  1. Критериуми за избор

Понудувачите можат да поднесат понуди доколку ниту една од причините за исклучување не се однесуваат на нив:

 

  • Учеството на понудувачот е исклучено поради санкции издадени од страна на Советот за Безбедност на Обединетите Нации
  • Понудувачот  има правна забрана за учество во процес на набавка во државата на Работодавачот поради претходни прекршувања на регулативите за проневера и корупција
  • Понудувачите или Под-изведувачите кои ќе бидат договорени за значителен дел од Договорот се компании кои се економски поврзани со Работодавачот во државата домаќин и/или претпријатија во државна контрола кои не се правно или финансиски независни;
  • Нема да успеат да достават Изјава за превземање
  • Нема да успеат да достават Сертификат за посета на терен соодветно потпишан и заверен од страна на ЕИП

 

  1. Како да се добие тендерската документација

Тендерската документација ќе биде издадена на заинтересираните Понудувачи по предходна уплата на неповратни средства во висина од 5,000 МКД (пет илјада денари) (на уплатница ПП50), на сметка на МЗШВ 140010028063119, 725930 програма 21, трезорска сметка 100000000063095, цел на дознака “за тендерски документи”. По покажувањето на оваа уплата, Тендерската документација може да се подигне од Единицата за Имплементација на Проектот (ЕИП) „Програма за Наводнување на Јужната Долина на Вардар” ул. “Јосиф Јосифовски“ (барака) Гевгелија, секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот. Тел. 034-217-630 или тел./фах 034-217-629. Лице за контакт Г-дин Ѓуро Атанасовски, Директор на ЕИП.

  1. Рок на достава на понуди

Понудите, подготвени според барањата на тендерската документација да бидат поднесени најдоцна до 05.01.2016 до 12:00 часот во просториите на Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство (МЗШВ), Аминта трети бр.2, 1000 Скопје.

  1. Посета на терен

Задолжителна посета на терен ќе се организира од ЕИП на 02.12.2015 во 11:30 часот во канцелариите на ЕИП, ул. “Јосиф Јосифовски„ (барака), 1480 Гевгелија.

 

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО,

ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО