- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Работен состанок во МЗШВ на вицепремиерот Бесими и министерот за економија НезириДата на објава: 9 Ноември 2015Владина делегација предводена од министерот за економија, Беким Незири, во која беа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими и пратеникот Реџаил Исмаили, денес остварија работна посета на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде беа примени од страна на министерот Михаил Цветков, од државниот секретар Бесир Јашари и директорите во овој ресор. Тема на средбата беше спроведувањето на проектите во областа на земјоделството, а присутните констатираа дека рапидно расте бројот на земјоделци кои користат субвенции наменети за земјоделците, а овој тренд се забележува и кај приватни земјоделци Албанци, како и од фирми кои се во сопственост или раководени од Албанци. На средбата се истакна дека се реализирани бројни капитални проекти, како што се изградба на хидросистеми, прочистителни брани, обновување и изградба на канали за наводнување, водоводи, канализација, локални патишта, планински патишта, како и санација на туристички објекти, инвестиции кои само оваа година достигаат 150 милиони евра. По средбата, министерот за економија, Беким Незири рече дека во овој сектор во 2015 година се инвестирани 150 милиони евра, од кои 35 милиони евра се распределени по општините кои се раководат од Албанци. „Тука сме за да покажеме и докажеме дека земјоделството и сточарството се меѓу главните приоритети на Владата. Разговаравме за тоа што е постигнато досега и за тоа што ќе се спроведува во текот на 2016 година. Сакам да го изразам моето задоволство што субвенциите во општините со доминантно албанско население од година во година забележуваат позитивен тренд. Така, за 2015 година, од 150 милиони евра, колку што беа предвидени за субвенционирање на земјоделството и сточарството, 35 милиони евра се распределени во општините раководени од Албанци. За 2016 година, оваа сума ќе се зголеми за дополнителни 2 млн. евра и субвенциите за земјоделците Албанци ќе достигнат 37 милиони евра, од предвидените 150 милиони евра", изјави министерот Незири. Државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари изјави: „Капиталните инвестиции се постојана цел и во оваа смисла нашата посветеност е конкретна. Така, треба да се напомене дека имаме изготвен проект и отворен тендер за изградба на ХЕЦ Равен - Речица, во вредност од 18 милиони евра. Во фаза на подготовка е документација за изградба на браната на реката Слупчане, со која ќе се обезбедат дополнителни количини на вода за пиење во населените места на општина Липково и наводнување на 5.000 хектари обработливо земјиште. За овој проект ќе бидат издвоени 13 милиони евра. Во албанските населби од програмата за рурален развој, односно локални патишта, водоводи, урбанистичкото планирање и канализација, оваа година се инвестирани вкупно 7.2 милиони евра. Во овие населби, за потребите на земјоделците, изградени се вкупно 40 километри планински патишта, во вредност од 82 илјади евра, а за расчистување на каналите во должина од 16,8 километри, инвестирани се вкупно 270.000 евра. Јас спомнав само неколку од спроведените проекти, но и оние кои се очекува да се реализираат", рече Јашари. |