,,Искористување на предпристапните фондови за рурален развој" - ИПАРД

Дата на објава: 
18 Декември 2009
fak 1 namalena za na strana.jpg

Со правилно искористување и ефикасна реализација на ИПАРД средствата, состојбата во земјоделството може значително да се подобри, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во денешното обраќање на средбата „Факултет - стопанство“ на тема ,,Искористување на предпристапните фондови за рурален развој,предизвици и можности за развој на македонскиот-прехранбен сектор.

 

-Секој почеток е тежок, но со текот на времето ќе треба да научиме многу лекции и да стекнеме нови искуства кои ќе резултираат со  сигурен, европски рурален развој. Целта на ИПАРД е во земјава на голема врата да влезат европските и светските трендови и што е уште поважно, да почнат да се применуваат правилата кои важат во ЕУ. Корисници на средствата, но и на стручноста, знаењата и технологиите ќе бидат земјоделците, особено оние во руралните области. Затоа е исклучително битно да се мобилизираат сите влијателни, релевантни актери во земјоделскиот и руралниот сектор за обезбедување ефикасен одговор во прилагодувањето на законската регулатива и креирање земјоделската политика согласно европската, потенцираше министерот Димовски.

 

Факултетот за земјоделски науки и храна, како и досега, ќе ги стави во функција сите свои капацитети за успешно искористување на европските претпристапни фондови, рече деканот Драги Димитриевски. ,,Се наоѓаме на почеток на тежок пат. Ќе има многу корисници кои ќе ја остварат целта на ИПАРД, но и такви кои во сериозните процедури нема да се најдат и да успеат. Да го намалиме нивниот број, да ја покажеме способноста и да ги искористиме компартивните предности што произелгуваат од нашите природни и социо-економски услови за да ја зголемиме конкурентната сопосоност на пазарот во регионот, ЕУ и во светот,,- истакна Димитриевски.

 

Согласно ИПАРД програмата, Македонија од 2007 до 2013 година има на располагање 60,7 милиони евра. Средствата ќе бидат насочени, пред се, кон инвестиции во земјоделските стопанства, нивно преструктуирање и надградба, инвестиции за преработка и пласман на земјоделските производи согласно  европските стандарди и диверзификација и развој на економијата во руралните средини.

 

На средбата „Факултет - стопанство“ што традиционално, секоја година, се одржува на Факултетот за земјоделски науки и храна, присуствуваа и проректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Коле Василевски.