Откупени скоро 4 900 тони тутун

Дата на објава: 
29 Декември 2014
krvdamka-49-.jpg

Осум откупувачи на тутун заклучно со денеска откупија вкупно 4.900 000 килограми тутун од годинашнава реколта со просечна откупна цена од 119 денари за килограм.

Според податоците од Државниот Инспекторат за земјоделство, исплатата е реализирана со 27,13 отсто и се одвива според динамиката наведена во договори меѓу откупните организации и тутунопроизводителите.

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, денеска, достави и писмено известување до откупните компании за преземање на одредени мерки кои ќе помогнат за   поуспешен откуп на тутунот од родот во 2014 година.

Во поканите за предавање на тутун да биде наведена целокупната договорена количина како и терминот на предавање на тутунот, доколку се предава во повеќе наврати.

Доколку се враќа тутунот од откупниот пункт, поради влажност или од други причини, тутунопроизводителот да биде известен за терминот на  следното преземање на тутунот.

Откупувачите кои доцнат со динамиката за откуп, да го организираат откупот со дополнителни термини.

Откупувачите при преземањето на тутунот да го евидентираат и вишок на тутун кој го имаат тутунопроизводителите.