- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Прес конференција на министерот Цветков за реализирани активности во министерството за земјоделствоДата на објава: 29 Септември 2014Во првите 100 дена од работењето на Владата, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство реализира и започна голем број на проекти – истакна министерот Цветков на денешната прес конференција. Покрај секојдневната комуникација со земјоделците и нивните здруженија, посочи министерот Цветков, министерството успешно го заврши аплицирањето за субвенции каде што беа поднесени 74.000 барања, а дел од нив веќе се исплатени. Од оваа година, земјоделците ги добиваат субвенциите по однапред дефиниран „Календар за субвенции“, со кој точно е определена динамиката на аплицирање и на исплатата на субвенциите која е усогласена според потребите на земјоделците.Досега, според овој календар се исплатени тутунарите, а во периодот септември-октомври следи исплатата за полјоделските култури. Од програмата за рурален развој реализирани се 14 проекти за изградба на локална патна инфраструктура и инвестиции во водоснабдителни и канализациски системи, 10 проекти за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини и шест проекти за унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја. Во овој период ја започнавме реформата за подобрено управување во водостопанството. Владата формира работна група за анализа и подготовка на акти за формирање на „Акционерско друштво во државна сопственост - Водостопанство на Република Македонија“.Во тек се јавни расправи и се очекува до крајот на октомври 2014 година предлог-законот за АД Водостопанство на Република Макеоднија да биде поднесен до Владата. Во подготовка е дефинирањето на планот за инвестирање во водостопанската инфраструктура во периодот 2015 - 2025 година. Во него е предвидено да се вложуваат по 20 милиони евра секоја година со што ќе се овозможи зголемување на наводнуваните површини на долг рок за нови скоро 25.000 хектари. Привршува изградбата на системот за наводнување на Маркова река – Куклиш со кој се обезбедува наводнување на околу нови 400 хектари земјоделско земјиште. Се работи на изградба на пристапен пат до браната Речани на Оризарска река со придружни објекти и акомулација со која ќе се реши проблемот во водоснабдување на општините Виница, Кочани и Чешиново – Облешево и ќе се овоможи наводнување на 1.500 хектари нови површини земјоделско земјиште. Во тек е и тендерска постапка за избор на изведувач на браната Коњско, како една од најголемите капитални инвестиции за следниот период и обезбедени се услови за отпочнување на експропријацијата за изградба на хидросистемот Равен-Речица. Се посветивме и на решавањето на проблемот со недовршени постапки на арондација од минатото. Отпочнато е со реализација на проектот и заклучно со 17.09.2014 година поднесени се 35 барања за размена-арондација, од кои 29 се во постапка, а 6 се решени. Во наредниот период ќе се направат измени во Законот за земјоделско земјиште заради продолжување на рокот на поднесување најмалку за една година, бидејќи истиот истекува на 27.11.2014 година. Изготвен е нацрт-документ за Програмата ИПАРД 2 за 2014-2020. во тек е јавна расправа за нацрт-документот,а конечното одобрување од страна на ЕК се очекува во декември 2014 година. Целата европска помош во земјоделството изнесува 106 милиони евра,а во новата ИПАРД програма се вклучени континуирани мерки, но и мерки кои обезбедуваат поволни услови како што е на пример зголемениот процентот на ко-финансирањето. Земјоделците наместо 50 % во иднина ќе добиваат 60% гранд од европските пари. Во тек на реализација се и повеќе други мерки кои, како што потенцираше Цветков се во интерес на земјоделското производство и тоа:
|