- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Проштална средба на кинескиот амбасадор Цуи Џивеи со министерот ДимовскиДата на објава: 26 Март 2014Република Македонија и Народна Република Кина имаат одлични односи и плодна соработка во областа на земјоделството, истакнаа министерот за земјоделство, Љупчо Димовски и амбасадорот на НР Кина во нашата држава, Цуи Џивеи на денешната проштална средба. Министерот Димовски на средбата му се заблагодари на амбасадорот Џивеи за неговата и за поддршката која неговата земја ја дава на Министерството за земјоделство и на Владата на Република Македонија, како и за можностите за обука и школување на вработени во министерството за земјоделство во НР Кина и му посака успех на личен и професионален план и во иднина. „Нашата плодна и успешна соработка ќе продолжи и во иднина. Во Македонија секогаш ќе имате искрени пријатели“ – истакна министерот Димовски. Амбасадорот Џивеи се заблагодари на поддршката и помошта која ја имаше од министерот Димовски и министерството за неговата и работата на амбасадата. За време на средбата се разменија позитивни впечатоци за досегашната одлична меѓусебната соработката и беше истакнато дека таа ќе продолжи и во иднина. Со цел продлабочување на трговската соработка и унапредување на извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи, со Народна Република Кина веќе е потпишан Меморандум за разбирање за понатамошна соработка во земјоделството и Протокол за фитосанитарни услови за извоз на тутун од Република Македонија во НР Кина, со што формално правно веќе е овозможена соработката во областа на земјоделството.. |