Соопштение

Дата на објава: 
13 Март 2014
P3130077[1].JPG

Денес, министерот и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и Зоран Коњановски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Румен Стаменов, во просториите на Министерството за земјоделство, одржаа координативен состанок со откупните претпријатија за тутун и претставници од Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители.
На состанокот од откупните претпријатија беше побарано да достават податоци за планирани количини на откуп на ориентален тутун за реколта 2014 година.
Како резултат на условите и пазарните поместувања претставниците на откупувачите ја истакнаа потребата од одредени намалувања во предвидените количини на откуп на ориентален тутун за реколта 2014 година.
Од страна на претставниците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се побара да се исклучи селективноста, односно да не се намалува бројот на кооперанти со кои ќе се склучуваат договори за откуп на тутун, но да се изврши корегирање во количините на произведен тутун.
Барањето на Министерството  беше прифатено од двтете договорни страни, од производителите и од откупувачите, со што, според нив, ќе се обезбеди стабилно производство на ориентален тутун во количини за кои постои реална можност за откуп.
На крајот од состанокот откупните претпријатија истакнаа дека во моментот на склучување на договорите ќе се внимава на правилната манипулација на тутунот и неговиот квалитет.