Јавен оглас 01/14

Дата на објава: 
25 Јануари 2014

Влада на Република Македонија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Врз основа на член 21 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13 и 164/13), по Одлуката           бр.22-754/1 од 22.01.2014 година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Ј а в е н О Г Л А С    01/14

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионите Валандово, Гевгелија и Струмица за вкупна површина од 36ха 39ар 10м2

 

Регион Валандово, Катастарска општина Казандол со вкупна површина од 12ха 49ар 52м2

Регион Гевгелија, Катастарска општина Негорци со вкупна површина од 14ха 65ар 22м2

Регион Струмица, Катастарска општина Градашорци со вкупна површина од 9ха 24ар 36м2

 

Податоците за земјоделското земјиште од овој јавен оглас (за службености и други товари, за состојбата во која се наоѓа земјиштето, катастарските податоци содржани во имотниот односно поседовниот лист) се во согласност со катастарската евиденција и увид во тие податоци за секоја површина може да се направи на огласна табла во подрачната единица во Министерството, надлежна за соодветната огласена површина.

Намената за кое се дава земјоделско земјиште е за подигање на расадници.

Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е 15 години.

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: