- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СоопштениеДата на објава: 21 Ноември 2013Се врши исправка во ЈАВНИТЕ ПОВИЦИ до 10ха и над 10ха, за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост објавени во дневните весници Вечер, Нова Македонија и Коха на ден 15.11.2013
Во Јавниот повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 ха
Во ставот 2 точката се брише, се става запирка и се додаваат зборовите „но за земјиште на кое е подигнат долгогодишен насад со старост најмалку од 3 години“. Во ставот 3 во алинеа 2, зборовите „и оранжерии“ се бришат, исто така се бришат и алинеа 3, алинеа 4 и алинеите 5 и 6. Овие измени се однесуваат за Jавниот повик бр. 01/13; 02/13; 03/13; 04/13; 05/013 и 06/13 Останатите одредби од Јавниот повик остануваат исти.
Во Јавниот повик бр 06/13 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 ха
Во глава I став 1 зборот „Гевгелија“ се брише, останатиот текст од овој став останува ист. Во глава VI точка 2 алинеа 1 зборовите „Регион Гевгелија изнесува 6.750,00 денари“ се бришат, останатите алинеи во оваа глава остануваат исти.
Во Јавниот повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 10 ха
Во ставот 2 точката се брише, се става запирка и се додаваат зборовите „но за земјиште на кое е подигнат долгогодишен насад со старост најмалку од 3 години“. Во ставот 3 во алинеа 2, зборовите „и оранжерии“ се бришат, исто така се бришат и алинеа 3,алинеа 4 и алинеите 5 и 6. Овие измени се однесуваат за јавниот повик бр. 07/13; 08/13; 09/13; 10/13; 11/013 и 12/13 Останатите одредби од Јавниот повик остануваат исти.
Во Јавниот повик бр 12/13 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 10 ха
Во глава I став 1 зборот „Гевгелија“ се брише, останатиот текст од овој став останува ист. Во глава VII точка 2 алинеа 1 зборовите „Регион Гевгелија изнесува 6.750,00 денари“ се бришат, останатите алинеи во оваа глава остануваат исти. |