- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Реакција на Министерството за земјоделство на прес конференцијата на СДСМДата на објава: 14 Ноември 2013Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се заблагодарува на СДСМ за промоција на успешните политики за развој на земјоделството кои ги применува оваа Влада, и тоа за: - доделените 500 милиони евра за развој на земјоделството наспроти 5 милиони евра во времето на СДСМ; - зголемување на бројот на вработените во земјоделството од 20.000 нови работни места наспроти илјадниците избркани од работните места од уништените земјоделски комбинати во времето на СДСМ; - трендот на постојано зголемување на земјоделското производство и тоа најмногу во сточарството наспроти драстичното намалување на земјоделската активност во времето на СДСМ; - двојно зголемување на извозот на земјоделско-прехрамбени производи во однос на периодот на владеење на СДСМ и кој извоз континуирано расте со порастот на земјоделското производство и достигнува дури половина милијарда евра. Ги упатуваме СДСМ на прашањето дали треба или не да има субвенции во земјоделството и каква е корста од субвенциите да ги запрашаат самите земјоделци. На крај ги замолуваме СДСМ да престане да ги омаловажува 100 – те илјади земјоделски семејства корисници на субвенции оквалификувајќи ги како партиски војници бидејќи поделбата на субвенциите е само врз основа на она што е утврдено во програмите за финансиска поддршка и се спроведуваат врз основа на принципите и механизмите на Европската Унија наспроти хаосот и селективноста во доделувањето на ионака скромните субвенции во времето на СДСМ. |